Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, денеска утрово регистрира два земјотреса, со епицентри 65 километри југозападно од Скопје.
Првиот бил во 8.14 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 а вториот во 8.21 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
И двата земјотреси што потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево биле почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.