Комисија од американски здравствени советници го поддржа со тесно мнозинство Молнупиравир, лек на Мерк за лекување Ковид-19, отворајќи го патот за регулаторите да ја одобрат првата таблета за лекување на Американците со коронавирус во домашни улсови.
Комисијата за храна и лекови (ФДА) гласаше во 13:10 дека придобивките од земањето на лекот ги надминуваат ризиците, вклучително и потенцијалната штета за фетус ако лекот се зема за време на бременоста.
Препораката е објавена по неколкучасовна дебата за умерените придобивки од овој лек и потенцијалните проблеми поврзани со неговата безбедност.
Експертите кои го поддржаа лекот нагласуваат дека не треба да го земаат бремени жени и ја повикаа ФДА да препорача дополнителни мерки на претпазливост пред да го препише лекот, што вклучува и тестирање за бременост.
Комисијата особено ја поддржа администрацијата на лекот кај возрасни со поблаги форми на Ковид 19, кои се изложени на зголемен ризик.
МИА
Фото: bbc.com