Неисправни кочници кај дел од штипските автобуси утврдила контролата – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/21 3:26 PM

Неисправни кочници кај дел од штипските автобуси утврдила контролата

При акциска контрола што вчера (29.11) ја спроведе штипската полиција кај возилата за јавен превоз, утврдени се повеќе неправилности и технички недостатоци.

-Во период од 09.00 до 15.00 часот, на подрачјето на СВР Штип од извршената контрола биле откриени три прекршоци, од кои два за неисправен уред за запирање и еден за неизвршен вонреден технички преглед. Сите биле соодветно санкционирани, соопшти СВР Штип.

Во редовната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, биле констатирани 18 прекршоци, од кои 11 надвор од населено место и 7 во населено место.

Направена е контрола во сообраќајот, при што изречени се санкции за 11 други видови прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас и 2 за користење мобилен телефон.