Пензионерка по трети пат на лотарија освоила награда од 50.000 долари – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/21 1:03 PM

Пензионерка по трети пат на лотарија освоила награда од 50.000 долари

Домаќинка во пензија (61) од Мериленд по трети пат во последните три години освоила 50.000 долари на лотарија.  Таа купила две среќки неодамна, а токму втората и’ донела награда во износ од 50.000 долари. Неверојатно е тоа што жената веќе трети пат ја освојува истата парична сума со среќка купена во истата продавница.

„Бев шокирана, едноставно не можев да верувам дека мене тоа повторно ми се случува“, им рекла таа на претставниците на лотаријата.

Откако се созела од шокот, среќната добитничка и’ се јавила на својата најдобра пријателка за да ја сподели веста.

„Реткост е воопшто да се освои поголема сума на лотарија, а камоли три пати. Луѓето играат секој ден и не добиваат ништо“, изјавила добитничката и открила дека парите ќе ги употреби за реновирање на својот дом.