Лекарите открија кое е идеално време за појадок, кое ќе ви го продолжи животот – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/21 7:33 PM

Лекарите открија кое е идеално време за појадок, кое ќе ви го продолжи животот

Веќе знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но новост е дека експертите сметаат дека треба да се јаде рано наутро.

Според новото истражување, појадувањето до 7 часот би можело да го продолжи животниот век.

Претходните истражувања покажаа дека јадењето доцна навечер го нарушува внатрешниот часовник на телото и го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Но, само неколку студии се осврнаа на прашањето дали времето за појадок има слично влијание. Затоа, научниците од Универзитетот во Њујорк сакале да откријат дали времето на првиот оброк во денот е поврзано со долговечноста.

За таа цел, тие неколку децении следеа повеќе од 34.000 Американци на возраст над 40 години. Волонтерите го забележале времето на оброци, а научниците ги споредиле со стапката на смртност во текот на студијата, пишува Index.hr

Резултатите, објавени во списанието „Journal of Nutrition“, покажаа дека оние кои појадувале помеѓу 6 и 7 часот наутро имале шест отсто помали шанси да умрат предвреме од сериозни болести како што се срцеви заболувања или рак, отколку оние кои појадувале редовно во 8 часот наутро, како и 12 проценти помал ризик од рана смрт од оние кои го консумирале првиот оброк во 10 часот.

Се смета дека прескокнувањето на појадокот или јадењето доцна го нарушува „часовникот за исхрана“ на телото – внатрешно програмирање кое го контролира ослободувањето на хормоните поврзани со диетата, како што е инсулинот. Овој хормон помага во согорувањето на гликозата од крвотокот, а неговото ниво го достигнува својот врв во раните утрински часови. Јадењето подоцна може да значи дека телото постепено произведува помалку инсулин и го зголемува нивото на гликоза во крвта, што доведува до дијабетес и срцеви заболувања.

Извор: Блиц.рс