Нови 118 случаи на ковид-19, оздравеа 396 пациенти, починаа 18 лица – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/21 3:03 PM

Нови 118 случаи на ковид-19, оздравеа 396 пациенти, починаа 18 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19: Скопје – 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2, Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Битола – 37, Прилеп – 26, Кавадарци – 16, Штип – 15, Куманово – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10, Велес – 9, Кратово и Делчево – по 8, Демир Хисар – 6, Охрид и Неготино – по 5, Валандово – 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Струмица, Радовиш и Демир Капија – по 2, Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа евидентирани се 18 починати лица: 6 од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), 3 од Струмица (71г, 73г и 87г), по 2 од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и по едно починато лице од Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г). Сите во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се в4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Тие се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови, а две во домашни услови .

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.