Жител на кочанското село Теранци е уапсен, откако физички ги нападнал, прво неговиот брат а потоа со употреба на предмет и неговата 80-годишна мајка.
„На 28.11.2021 полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Б.С.(45) од с.Теранци, кочанско, затоа што околу 17.00 часот во семејната куќа најпрвин физички го нападнал неговиот брат, а потоа физички и со употреба на предмет ја нападнал и неговата 80 – годишна мајка, информираат од СВР Штип.
По документирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.