Слеп патник скриен во дел од опремата за слетување успеа да преживее од Гватемала до Мајами. Патот од 2,5 часа тој го поминал во дел каде температурата паѓа под нула, а одма по слетувањето е префрлен во болница.
– Службеници на американската царина и гранична заштита во меѓународниот аеродром во Мајами уапсија 26 годишен маж кој во саботата наутро се обидел да избегне откривање од делот за слетување од авионот кој стигна од Гватемала, изјавуваат од полицијата за „Скај Њуз“.
На снимките кои се шират низ социјалните мрежи се гледа шокиран маж кој седи на пистата, облечен е во фармерки, маица, јакна и чизми, а персоналот му дава вода.
This man arrived to MIA in the landing gear of plane from a Guatemala flight. The flight was about two hours and thirty minutes and witness says he was unharmed😳✈️| #ONLYinDADE pic.twitter.com/qMPP5jjDvb
— ONLY in DADE (@ONLYinDADE) November 27, 2021
Слепиот патник е префрлен во болница на лекарска проценка, по што би требало да биде депортиран назад во Гватемала.
Ова не е прв пат авиокомпаниите да пронајдат слеп патник во авионот. Од 1947 година 129 лица се обиделе да го направат истото, но само 29 го преживеале опасниот потфат.
Џастин Кабека во 2015 година го преживеа во тркалата на авионот далечниот пат од јужноафриканската република до Лондон. Бил изложен на температури до -60 Целзиусови степени, го изгореле металните шипки и делумно бил во несвест поради недостатокот на кислород. На Кабека морале да му ја ампутираат ногата и бил во кома половина година.
Телото на неговиот пријател Карлито Вале било пронајдено недалеку од аеродромот бидејќи тој испаднал од авионот.
извор:вечерни.хр