Дневна или ноќна крема – има ли воопшто разлика – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/18 2:29 PM

Дневна или ноќна крема – има ли воопшто разлика

 

Ако сакате вашата кожа да биде свежа и да ги намалите брчките, тогаш сигурно знаете колку е важно истата да биде хидрирана. Кремите за лице нудат низа придобивки – хранливост, хидратација и сјај за кожата. Сепак, се поставува прашањето – дали навистина ни се потребни две различни креми за секојдневна употреба? Постои ли всушност разлика меѓу дневната и ноќната крема?

Дневна крема

Во текот на денот, нашата кожа е изложена на УВ зрачење, а тоа може да ја оштети ако не е соодветно заштитена. Дневните креми, за разлика од ноќните имаат поконзистентна текстура, како и поголема моќ за апсорпција. Тие исто така имаат и СПФ, кој игра огромна улога во заштитата на кожата, особено во овој период од годината. Дури и ако не планирате да се изложувате многу на сонце, потребна ќе ви биде крема со минимален фактор.

Ноќна крема

Кожата е најактивна за време на спиењето, зашто тогаш се обновува и регенерира. Поради тоа, дерматолозите препорачуваат ноќни креми кои придонесуваат за природна регенерација во текот на ноќта. Повеќето ноќни креми во својот состав имаат состојки кои се „борат“ против стареењето и се совршени за употреба во вечерните часови.

Ноќните креми се погусти од дневните, но со оглед на тоа дека шминката пред спиење треба да се избрише, не претставува проблем тоа што на кремата и’ е потребно повеќе време да се апсорбира.

Разлика

Дневните и ноќните креми содржат различни состојки, па затоа е важно да се нанесуваат на лицето во соодветен период од денот. Доколку сепак не сте во можност за ова, подобро би било да искористите само дневна крема, бидејќи заштитата од УВ зраците е од голема важност, особено кога сонцето е јако. Доколку пак, се одлучите само за ноќна крема кожата ќе ви биде помрсна од вообичаеното и нема да бидете заштитени од сончевите зраци, а тоа не би требало да си го дозволите.