Претседателот на Австриската народна партија и поранешен канцелар, Себастијан Курц, на својот Инстаграм профил ја објави првата фотографија со новородениот син и го откри неговото име.
Поранешниот австриски канцелар преку своите социјални мрежи ја извести јавноста дека неговата девојка Сузан во саботата наутро се породи и роди син, а денеска ја објави првата фотографија од семејството и откри дека синот ќе се вика Константин.
View this post on Instagram
– Ви благодарам на сите на честитките по повод раѓањето на нашиот син Константин. Многу сме среќни и уживаме заедно, напиша Курц на фотографијата.
извор:Б92