Гостите на највисокиот паб во Британија трета ноќ заглавени внатре поради снежната бура Арвен – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/21 6:58 PM

Гостите на највисокиот паб во Британија трета ноќ заглавени внатре поради снежната бура Арвен

Десетици гости на највисокиот паб во Британија поради обилните снежни врнежи кои ги донесе бурата Арвен, трета ноќ се заробени внатре.

Гостите останале заглавени во Тан Хил Ин, во Јоркшир Дејлс, од петокот, откако отишле да гледаат трибјут бенд на Oasis. Нивното заминување е невозможно поради паднат далновод и снегот кој ги блокира главните рути.

Во саботата гостите се разбудиле со околу 0,9 метри наврнат снег.

Менаџерот на пабот Никола Тусенд, за „Би-Би-Си“ изјавил дека сепак сите се во добро расположение.

Денеска тие на својот фејсбук профил известија дека биле советувани оти повеќе кабли биле паднати, па се уште не е препорачливо никој да си оди од таму.

Вкупно 61 лице поминале две ноќи во пабот, од нив 40 биле таму и сместени, но другите дошле само да го слушаат бендот и на пијачка во петок навечер, па морале да „кампуваат“ во пабот.

 

извор: Би-Би-Си
фото: Тан Хил Ин