Дали постои некој во ваша близина кој не сака италијанска храна? – Така и мислевме и во нашето опкружување сите ги обожаваат тестенините на овој или оној начин, пијалоци, италијански сладолед. Шареноликоста на Италија ви дава безброј гастрономски можности. Затоа подготвивме јадења кои мората да пробате кога ќе бидете во оваа земја.
Секако дека пица се подразбира па и затоа ќе ја изоставиме и ќе се фокусираме повеќе на некои други јадења кои доаѓаат од италијанската кујна. Земјата на тестенините за вас во чинијата ќе сервира работи кои не може ниту да ги замислите, а кои се многу вкусни.
1. BIGOLI
Може само сте замислиле дека шпагетите се вкусни? – Тогаш не сте пробале биголи, шпагетите кои се специјалитет за Венеција а ги краси малку подебели тестенини како нашите мелници кои се готват најчесто се комбинираат со патка.
2. RIBOLLITA
Оваа „зимска“ супа која потекнува од Тоскана, сите ја обожаваат. На вас е со што ќе ја направите, но традиционалната подразбира микс од зеленчук (кељ и домат е основното), грав и стар леб. По желба може да додадете месо или риба, но ако можете да се придржите до оригиналниот рецепт тогаш изоставете ги. Погодена е да ја консумирате по долга прошетка и разгледување на градот.
3. RISI E BISI
Risi e bisi подразбира ориз и грашак. Ова јадење не е ништо софистицирано, но е многу вкусно. Состојките се готват во зеленчукова супа, а резултатот е балансиран оброк, омилен помеѓу вегетаријанците.
4. TORTELLINI EN BRODO
За многу семејства во северна Италија, Tortellini en Brodo е задолжително јадење за сите пригоди. Се служи со крем сос и се посипува ситно рендан пармезан.
5. CANEDERLI
Се прави од сув леб, јајца, млеко и месо. Овие зачинети топчиња се прелеваат и со бистра супа. Слични се нашите ќофтиња, само со помалку месо.
6. OSSO BUCO ALLA MILANESE
Ако морате да пробате една чинија со месо во Италија тоа нека биде Osso buco. Не можете да му одолеете на телешкото месо кое е готвено во вино.
7. CACCLUCCO
Не сте личност која сака риба? – Cacciucco тоа ќе го промени. Зачинета морска храна со поврзува со местото Ливорно, а школките, раковите и октоподот во доматен сос е нешто на што нема да може да одолеете.
8. FOCACCIA DI RECCO
Едноставен рецепт наречен Focaccia е ароматична погача која оди одлично со маслиново масло и сирење.