Силен земјотрес од 7,3 степени по Рихтер го погоди Перу – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/21 3:11 PM

Силен земјотрес од 7,3 степени по Рихтер го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Перу.

Епицентарот на потресот бил на 37 километри од местотот Баранка, на длабочина од 100 километри.

Земјотресот е почувствуван не само во Перу, туку и во Еквадор, Бразил и Колумбија.

Се уште нема информации за човечки жртви или материјална штета.

 

МИА