Мицкоски не знае кој е 61-от пратеник во парламентарното мнозинство, според него Заев е заробен – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/21 2:02 PM

Мицкоски не знае кој е 61-от пратеник во парламентарното мнозинство, според него Заев е заробен

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не знае кој е 61-от пратеник со кој СДСМ има мнозинство. Одговарајќи на новинарски прашања денеска во Свети Николе, Мицкоски рече дека со Алтернатива не разговараат на оваа тема и не знае како течат нивните преговори со СДСМ и ДУИ, а се она што го имаат како информации доаѓа од медиумите.

– Нашиот став поврзан со ова (не)мнозинство во моментот го знаете, станува збор за најкриминалната и најнеспособната власт досега и се надевам дека кога ќе одлучуваат, раководството на алтернатива ќе го има предвид ова, рече Мицкоски.

Тој не сакаше да ја коментира оставката на Заев, но вели шокиран е од изјавите на неговите соработници од ДУИ, алудирајќи на изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби кој вчера рече дека Заев треба да почека со оставката од премиерската функција бидејќи има битни прашања кои треба да се решат.

– Повеќе сум шокиран од изјавите на неговите соработници кои продолжуваат и него да го понижуваат и мнозинскиот партнер во владата – СДСМ. Ја слушав изјавата на еден од неговите соработници кој е дел од раководството на ДУИ, дека не е нивна рабоа да се мешаат во внатрешните одлуки на СДСМ, но нивна работа и те како е кој е иден мандатар и дека тие практично го држат заробен заев и не го пуштаат да си оди бидејќи имало одлуки кои треба да се носат, рече Мицковски потенцирајќи дека има одлука која треба да се донесе, а тоа е што поскоро да има предвремени парламентарни избори.