Ноќеска санкционирани 107 пијани возачи, најмногу од нив во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/21 12:12 PM

Ноќеска санкционирани 107 пијани возачи, најмногу од нив во Струмица

Синоќа  во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на земјава, при што санкционирани се 107 возачи. Од нив најмногу на подрачјето на СВР Струмица – 20.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.