Ги обожаваме едноставните рецепти кои може секој да ги направи. А на блогот на Лана наидовме на еден убав и лесен рецепт за подготовка на печен крап во рерна. Македонија може да се пофали со највкусниот преспански крап, па веруваме дека овој рецепт ќе ви биде од голема корист.
Лана вели дека наместо крап, може да ја подготвите било која друга риба, без разлика дали истата е свежа или замрзната. Подготвена на овој начин таа ќе биде вкусна и крцкава и тоа без многу работа и труд.
Состојки:
- 1 крап (од околу 2 кг)
- брашно по потреба
- сол по вкус
- мешан зачин по желба
- црн пипер по вкус
- мелена црвена пипер
- сечкан магдонос по вкус или некои други зачини.
Подготовка:
- Доколку крапот го купите цел, исчистете го и исечкајте го на парчиња.
- Во сад измешајте неколку лажици брашно, 1 лажичка сол, мешан зачин, црн пипер, мелена црвена пипер и ситно сечкан магдонос. По ваша желба може да додадете и мајчина душица, босилек, рузмарин и сл.
- Во вака подготвената мешавина од зачини и брашно извалкајте ги претходно подготвените парчиња крап.
- Зачинетите парчиња крап наредете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Прелијте ги со малку масло и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути. На половина од печењето може да ги завртите парчињата од другата страна и да продолжите со печење се додека крапот добие фина крцкава кора.
- Печениот крап послужете го додека е топол, декориран со свеж магдонос, парчиња лимон и прилог од зеленчук по ваша желба.
Совет плус: Може да ги замолите во рибарницата да ви го исчистат и исечат крапот на прчиња. Исто така, на овој начин може да подготвувате и други видови на риба или месо. Па така, може да си подготвите и пилешки крилца кои се превкусни.