Ви благодариме на зборовите кои го допираат срцето: Полицајци добиле писмо од криминалецот кој го уапсиле – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/21 8:08 PM

Ви благодариме на зборовите кои го допираат срцето: Полицајци добиле писмо од криминалецот кој го уапсиле

Кој крајот на јули годинава во германскиот град Бохум случајно бил проверен триесет и едногодишен маж на главната железничка станица, по што било откриено дека за него постои налог за апсење поради измама. Тој сега е во затвор, а месецов на полицајците им напишал писмо кое ги изненадило.

„Веројатно ми беше потребно да видам како е овде за да ја ценам слободата“, напишал тој во писмото во кое им се заблагодарува на двајцата полициски службеници кои го уапсиле. Во писмото наведува дека тие со него биле многу внимателни и културни, а во моментот на апсењето тој бил со својот мал син.

„Останете здрави“, напишал затвореникот чиј идентитет полицијата не го соопштува. Неименуваниот маж е зависник од коцкање, а сега добива стручна помош и веќе на почетокот на следната година би требало да излезе на слобода.

„Благодарение на вас ќе станам друга личност која чесно и сериозно ќе оди на работа. Ќе му бидам добар пример на мојот син“, напишал тој во писмото додавајќи дека откако ќе излезе од затвор сака сето тоа лично да им го соопшти на полицајците.

„Полицијата Ви се заблагодарува на зборовите кои го допираат срцето, Ви веруваме и Ви посакуваме и Вам и на Вашата фамилија сѐ најдобро во иднина“, му оговориле полициските службеници.

 

Извор: srbijadanas.com

Фото: илустрација / pixabay