Се гледа корупција! Ова е пораката која денеска ја заинтригира јавноста виорејќи се зад опашката на спортски авион. Транспарентот кој прелета над Скопје е дел од герила акција чиј организатор засега останува непознат.
Пораката која беше испишана на платно доаѓа неколку дена по големата трагедија со опожарениот македонски автобус во Бугарија, за кој се откри дека имал несоодветна документација. Сепак, надлежните не откриваат конкретно дали таму има наводи за корупција, посочувајќи дека околностите се уште се испитуваат.
Денешната герила акција која го привлече вниманието на скопјани доаѓа со јасна порака – од авион се гледа корупција. Дали зад неа стои невладина организација, поединец или некој друг, не е познато, но медиумите оценија дека се работи за „своевиден крик за реакција на надлежните правосудни органи“.