Две лица починаа во Народната библиотека во Белград – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/18 1:31 PM

Две лица починаа во Народната библиотека во Белград

Двајца мажи се пронајдени мртви во Народната библиотека во Белград, изјави за српската новинска агенција ТАНЈУГ портпаролот на Брзата помош, Мирко Лутовац.

Тој наведе дека Брзата помош примила повик дека две лица се задушуваат во просторијата каде се наоѓа системот за ладење.

– Нашите екипи можеа само да констатираат смрт, посочи Лутовац, додавајќи оти се уште не е позната причината за несреќата.

Според неофицијални извори починатите работеле на одржување на системот за ладење на Народната библиотека.

Дел од српските медиуми објавија дека во Народната библиотека се случила експлозија на гас. Системот за ладење почнал да испушта отровни испарувања, поради што луѓето почнале да се гушат и алармирани се Противпожарната служба и Брзата помош.

Некои медиуми јавија дека откажал противпожарниот систем, а потоа се слушнала силна експлозија.