Содата бикарбона има одлична примена во медицината, а се покажа и како многу ефикасна во борбата против кашлицата и респираторните проблеми.
Најдобар начин е вдишувањето на сода со инхалација, а оваа терапија ја препорачуваат и повеќе пулмолози.
Како делува содата на телото ? Со вдишувањето на сода се навлажнува слузокожата и на тој начин ја омекнува слузта и помага за нејзино полесно исфрлање.
Кога надворешните микроорганизми навлегуваат во дишните патишта, кашлањето се појавува како рефлекс за заштита на телото. Кашлицата се развива кога нервните рецептори се иритираат.
Со помош на содата, која секој ја има дома, можете да ги излечите болките во грлото, затнатиот нос, да ја ублажите кашлицата и да ги исчистите дишните патишта.
Штом ќе почувствувате болки во грлото, подгответе ја оваа смеса: кафена лажичка сода се става во чаша зовриена вода. Грлото се плакне до пет пати на ден.
За ублажување на кашлицата, една лажичка сода треба да се прелие во чаша зовриено млеко и да се земе пред спиење.
Исто така, за смирување на кашлица, ставете една кафена лажичка сода во литро врела вода. Топлата смеса истурете ја во метален сад, покријте ја главата со крпа и дишете длабоко. Оваа постапка треба да ја повторувате секоја вечер пред спиење.
Извор: Srbijadanas.com