Комерцијална објава
Во документарната емисија „Моќта на довербата“ („Moč zaupanja“) денес беа прогласени деветте победници на International Medis Awards for Medical Research 2021, коишто годинава доаѓаат од пет држави. Меѓу победниците е и претставничката од Северна Македонија, Фанка Гилевска, д-р мед., од клиниката „Систина Офталмологија“. Нејзиниот научно-истражувачки прилог беше одбран како најдобар во областа на офталмологија.
Конкурсот веќе осма година по ред наградува извонредни истражувачки достигнувања на лекари и фармацевти од деветте држави на Централна и Југоисточна Европа.
Фанка Килевска, д-р мед., е првиот автор на оригиналниот научен труд со наслов: Are changes in visual acuity and astigmatism after corneal cross-linking (CXL) in keratoconus predictable? кој е објавен во научното списание Graefes Archive for Clinical and Experimental Ophthalmology.
„Толку сум среќна што сум дел од финалисите на наградите на МЕДИС, па така сега работам уште повеќе и со поголема мотивација на својот втор труд. Овие награди ги чувствувам како силна поддршка истражувањата да се прават паралелно со клиничката работа и многу вредно признание за досегашната работа. Благодарна сум што работам во болница, во тим која е пријател на науката и ме поддржува еднакво во работата и истражувањата. Моето семејство ми е најаголема среќа и секојдневна инспирација“, истакнала Гилевска.
Сите победници на International Medis Awards for Medical Research 2021 се (според областите):
*гастроентерологија: Кристоф Грандер, Австрија
*гинекологија: Лука Рошкар, Словенија
*интензивна медицина и анастезиологија: Марија Вукоја, Србија
*неврологија: Александра Томиќ Пешиќ, Србија
*офталмологија: Фанка Гилевска, Северна Македонија
*педиатрија: Матеј Шапина, Хрватска
*пулмологија и алергологија: Гордана Дрпа, Хрватска
*ревматологија: Горица Ристиќ, Србија
*фармација: Марин Јукиќ, Србија
Претседател на меѓународната стручна комисија проф. д-р Борут Штрукељ, м-р фарм., при прогласувањето на победниците истакна „Во комисијата утврдивме дека пријавените прилози се извонредни научно-истражувачки дела со голем потенцијал за употреба во основната или клиничката медицина и фармација. Многу нè радува што примивме бројни пријави на кандидатите коишто своите констатации ги објавиле во врвните научни списанија со висок фактор на влијание, а некои нивни дела се објавени и во највисоко пласираните медицински публикации во светот. Довербата во науката никогаш не се ставала и не смее да се става под прашалник.“
За наградите International Medis Awards for Medical Research 2021 можеа да аплицираат лекарите и фармацевтите коишто своите научно-истражувачки прилози ги објавиле во реноминираните научни публикации со фактор на влијание повисок од 1,500. На конкурсот годинава има пријавени 230 истражувачи од Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Северна Македонија, Словенија и Србија. Според високите критериуми за местото на номинација за International Medis Awards беа соодветни 180 пријави. Меѓународната стручна комиција ги оцени пријавите и одбра 19 финалисти, а меѓу нив девет победници.
Победниците ја примаат уникатната статуетка Иднина (The Future), уметничкото дело на етаблираниот скулптор Јаков Брдар. Финалистите и победниците примаат и финансиска награда.
Годинава доделувањето на наградите се одржа во рамките на документарната емисија “Моќта на довербата“ („Moč zaupanja“) којашто е достапна на овој линк: https://www.medis-awards.com/ima-2021/. Сите годишниве 19 финалисти беа во центарот на вниманието и емисијата покажа колку е значајна нивната работа за создавање доверба во науката.