Не е неопходно да го намалите внесот на јаглехидрати за да ослабнете: Нутриционистот Бек Милер за слабеењето без гладување – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/21 10:38 AM

Не е неопходно да го намалите внесот на јаглехидрати за да ослабнете: Нутриционистот Бек Милер за слабеењето без гладување

Многу луѓе ја популаризираат исхраната со ниско ниво на јаглехидрати како добар и правилен начин за кратко време да се изгубат килограми, но тоа всушност не е така. Јаглехидратите генерално не се вистинската причина поради која се чувствувате лошо, ниту пак го оневозможуваат здравиот начин  на живот. Всушност, потребно е да ги внесувате да ја поттикнете ефикасноста на вежбањето, но и  да го задржите чувството на ситост.

Бек Милер – клинички нутриционист и основач на интернет платформа која нуди совети за здравиот начин на живот и за слабеење без гладување, дадва неколку упатства за тоа кои се најквалитетните извори на јаглехидрати.

Прво и основно, ако јадете јаглехидрати тие мора да бидат богати со хранливи супстанци за да бидете заштитени на подолг рок, но и за да имате подобра концентрација и издржливост. Ако се обидувате да го намалите внесот на нутритивно сиромашни јаглехидрати, а го зголемите внесот на бофатите, листата во продолжение би можела да ви помогне да препознаете некои за кои можеби не сте ни помислиле дека се добри за вас – пренесува Индекс хр.

Бек Милер состави листа на која се наоѓаат намирници богати со јаглехидрати, почннувајќи со најнеквалитетните:

Крофни, кроасани, колачи

Kрекери и чипс

Бел леб, бел ориз

Тортиљи од пченка

Леб од повеќе видови житарки

Интегрален ориз

Овес

Компир

Киноа, леќа, јачмен, мешунки

Овошје и зеленчук

 

Извор: rs.n1info.com