Сопственикот на „Беса Транс“ ќе дава исказ во Софија, рече државниот обвинител Јовески – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/21 10:10 AM

Сопственикот на „Беса Транс“ ќе дава исказ во Софија, рече државниот обвинител Јовески

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне.

Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во онлајн вклучувањето за бугарската телевизија „Бугарија он ер“.

Тој појасни дека шпекулациите за евентуален осми преживеан патник од несреќата ќе се расчистуваат со споредба на листите од граничните премини на двете земји.

– Денеска се очекува да дојдат претставници од Бугарија кои треба да ги земат ДНК-анализите кои треба да бидат готови до 12 часот. За осмиот патник се уште се истражуваат причини дали навистина постоел осми патник затоа што после инцидентот се пренесени седум повредени лица. Со колегите од Бугатија ги истражуваме списоците со сите патници кои биле во четирите автобуси – објадсни главниот обвинител на Северна Македонија, Љубомир Јовески.

Се врши и проверка на граничните премини колку патници ја напуштиле земјата и колку патници влегле на бугарската граница враќајќи се од Турција.

Постапката е во тек и во делот на испитувањето на најблиските.

– На барање на обвинителот Сарафов од Бугарија имаме обврска да обезбедиме искази на повеќе сведоци. Ја запленивме документацијата од компаниите, прибавивме податоци од министерството за транспорт и врски во делот на лиценците. Нашите обвинители не го испрашувале сопственикот, но јас имам информации дека тој својот исказ ќе го даде пред надлежните органи во Бугарија.

извор: Јавно обвинителство