„Најлошо е да останеш во врска поради страв или обврска“ – Даниела прозборе за раскинувањето со Грашо – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/21 1:37 PM

„Најлошо е да останеш во врска поради страв или обврска“ – Даниела прозборе за раскинувањето со Грашо

Сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ (50) за прв пат отворено проговори за раскинувањето со Петар Грашo (45), кој подоцна среќата ја најде со Хана Хуљиќ (30). Во интервју за Глорија, Даниела ја опиша нивната 26-годишна врска како „убаво минато“.
– Не можете да го заобиколите моментот кој е неизбежен – рече Данијела која со многу оптимизам гледа кон иднината и е подготвена за нов почеток во своите 50-ти.
– Непишано правило е врските да завршуваат драматично, но кога крај вас е личност, која ја почитувате и цените, тогаш раскинувањето е уште понеразбирливо – вели пејачката, додавајќи дека понекогаш се случува некои работи кои ни биле важни да станат речиси неважни. и почнуваат да не окупираат и да усреќуваат некои други.
– Кога тоа се случува во врска, најправедно и најискрено е секој да продолжи да се развива во свој правец и во свој ритам. Ако одлуката се донесе во вистинско време, останува меѓусебното почитување и благодарност – заклучи таа.
– Мислам дека најлошо и најопасно е да останеш во врска поради страв или обврска – вели Даниела, која тврди дека не ни знаела дека по раскинувањето со Грашо ја поврзуваат со богат Австриец.

Извор и фото: 24sata.hr