Нов сој на коронавирусот со исклучително голем број мутации – потврден во три држави – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/21 11:06 AM

Нов сој на коронавирусот со исклучително голем број мутации – потврден во три држави

Новиот сој на коронавирусот носи екстремно висок број мутации кои може да предизвикаат дополнителни болести. Со геномското секвенционирање, оваа варијанта на вирусот е потврдена кај десет случаи во три држави. Тоа предизвика сериозна загриженост меѓу научниците бидејќи бројните мутации може да му овозможат на вирусот да го „избегне“ имунитетот. Варијантата B.1.1.529 има 32 мутации во спајк протеинот, како дел од вирусот кој во повеќето вакцини е користен за подготовка на имунолошкиот систем против коронавирусот – пишува Гардијан. Мутациите во ваквиот протеин може да влијаат на способноста на вирусот да ги инфицира клетките и да се шири, но и да им отежни на имунолошките клетки да го нападнат патогенот.

Оваа варијанта прво е воочена во Боцвана на 11-ти ноември, каде што со секвенционирање се потврдени три случаи, додека шест случаи се потврдени во Јужна Африка три дена подоцна и еден во Хонг Конг истиот тој ден. Вирусологот Том Пикок од Лондон објави детали за новата варијанта на вирусот, истакнувајќи дека неверојатно големата количина мутации во спајкт протеинот предизвикува голема загриженост. Тој на Твитер напиша дека варијантата би требало да се следи, но додаде дека може да се работи за необичен кластер.

Директорката пак, на ковид одделението во Агенцијата за здравствена сигурност на Велика Британија, Мира Ченд изјави дека во рамките на соработката со научниците ширум светот се следи развојот на варијантите на коронавирусот.

„Природно е вирусите да мутираат, не е необично да се појават мал број случаи со нови варијанти на вирусот. Сите варијанти кои укажуваат на докази за ширење на вирусот, бргу се проверуваат“, изјави Чанд.

Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Универзитетот Кембрич изјави дека во неговата лабараторија открил две нови мутации кои ја зголемуваат заразноста и го намалуваат препознавањето на антителата.

 

Извор:   b92.net