Одбраната на обвинетите во „27 април” тврди дека предметот е политички мотивиран – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/18 11:37 AM

Одбраната на обвинетите во „27 април” тврди дека предметот е политички мотивиран

Со воведните зборови на останатите адвокати на обвинетите во предметот „27 април“, за крвавите насилства во македонското Собрание од 2017 година, денеска во Кривичниот суд во Скопје се оддржува третото продолжение на овој судски процес, еден од најголемите во поновата македонска истрорија. На обвинителната клупа се седнати 33 лица, пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, од кои 31 одговарта за „ терористичко загрозување на уставниот поредок“ , а двајца за помагање.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

На денешното рочиште прв своите воведни зборови ги даде адвокатот на обвинетиот Иван Цветановски, Драган Пешевски. Тој нагласи дека обвинителството за истото дело досега дало четири различни правни квалификации. Тој смета дека обвинителството имало доволно време да ги квалификува овие настани, истакнувајќи дека лошо си ја завршило неговата работа.

-Иван е обвинет со една реченица- дека ја повикувал, водел и насочувал толпата. Тој истакна дека обвинителството не дало повеќе детали за таа „реченица“ од обвинителниот акт. Адвокатот посочи дека по согледување на доказите ќе се воочи дека за целото време Иван бил или пред кабинетот или во кабинетот на Трајко Вељаноски. Снимките ќе покажат дека ниту водел, ниту повикувал. Исто така, тој нагласи дека неговиот клиент се обидувал да го скрие Антонио Милошоски за време на настанот.

Адвокатот на Борис Дамовски, Рубин Двојаков посочи дека во обвинителниот акт има наведено само едно дејствие – држесе говор со наратив за неговата земја. Тој посочи дека откако ќе се видат сите докази ќе се утврди дека неговиот клиент е невин.

-Се надевам на ослободителна пресуда за сите, истакна Двојаков.

Сања Алексиќ, адвокатката на Богдан Илиевски – Бетмен, истакна дека одбраната со предложената листа на докази ќе докаже дека обвинетиот не го сторил делото, туку ги остварувал неговите права.

Адвокатот Ставре Џиков на обвинетиот Владо Јовановски посочи дека умешно е „скроено“ ова политичко обвинение.

– Овие „терористи“ се препознаени по шест месеци, рече Џиков.

Претседателката на судечкиот совет, судијката Добрила Кацарска, забелжала дека адвокатот во воведот упатил навредливи зборови за советот за што и усно го опомена.

Сашко Христовски – Липски, адвокатот на Стефан Младеновски, Михаил Младеновски и Захарие Симовски истакна дека овој правен случај е политичко мотивиран.

Тој наведе дека „целата политика“ му ја остава на обвинителството.

– Немало никакви наредби, немало фантомки, немало организација, туку имало спонтаност со сите луѓе кои биле во и надвор од Собранието. Тој констатираше дека Јавното обвинителство овој обвинителен акт е попусто составен и погрешно конципиран.

Тони Менкиновски, адвокатот на Горанче Ангеловски, посочи дека не го добил навреме обвинителниот акт, како и доказите, туку дека само во себе го има полномошното како бранител, по што го напушти рочиштето, коментирајќи дека за тој чин ќе го информира комесарот за човекови права на Советот на Европа.

Откако адвокатот го напушти рочиштето судијката Кацарска посочи дека претходниот бранител се откажал од застапување па судот, по судска должност, поставил друг бранител на обвинетиот. На 21 август во судот било доставено известување дека семејството одлучило Тони Менкиновски да биде нов бранител на обвинетиот. Судијката нагласи дека тој имал доволно време да го обезбеди обвинителниот акт, како и доказните материјали, истакнувајќи дека не смее да ја напушти судницата и да го остави обвинетиот без бранител. Во моментов со судот има пауза од еден час.