„Не паднав во несвест поради поканата ама драго ми е“ – Макрон ја поканил Тереза Кесовија на ручек – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/21 9:14 AM

„Не паднав во несвест поради поканата ама драго ми е“ – Макрон ја поканил Тереза Кесовија на ручек

Хрватската дива Тереза ​​Кесовија се подготвува за ручек со францускиот претседател Емануел Макрон, кој ќе се одржи во Емералд салата на хотелот Еспланада во Загреб.
Пејачката е само една од стотиците гости кои денеска ќе се дружат со Макрон, а има и зошто.

Тереза ​​кариерата ја градеше и во Франција. Во 1999 година, претседателот Жак Ширак ја одликуваше со Витез од редот на уметност и литература, а оваа година таа го доби златниот медал на Офицер на редот и уметностите од Макрон.

Пејачката проговори и откри дека „не паднала во несвест“ поради поканата.

„Не сакам да се истакнувам таму, но ако треба ќе ја пеам „Песната на Лара.Не се онесвестив поради повикот, но мило ми е “, изјави Тереза ​​за Јутарњи лист.

Тереза ​​Кесовија ја започна својата кариера во Франција во 1965 година, кога ја испеа „La Chanson de Lara“, од филмот „Доктор Живаго“ и ја воодушеви француската публика. Таа четири пати ја полнеше париската Олимпија, се сретна со неколку француски претседатели, а денеска на ручек првпат ќе има можност да разговара со Макрон.

Извор: nova.rs

Фото: www.cdm.me