„На бебето престана да му чука срцето“, низ солзи раскажа пејачката Џеси Џеј за загубата – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/21 8:38 AM

„На бебето престана да му чука срцето“, низ солзи раскажа пејачката Џеси Џеј за загубата

Пејачката Џеси Џеј откри дека го изгубила бебето, кое го зачнала со вештачко оплодување. Пејачката чие вистинско име е Џесика Корниш (33) споделила расплакана фотографија на своите следбеници на Инстаграм и го опишала својот пат кон блажената состојба, како и моментот кога ја добила најтажната вест – на бебето веќе не му чука срцето.

„Решив сама да имам дете. Вчера се шегував со пријателка, како ќе пеам во Лос Анџелес без да им кажам на сите дека сум бремена? Но, вчера попладне отидов на трет ултразвук и дознав дека веќе нема отчукување на срцето. Немам контрола над моите емоции во моментов. Жал ми е што го споделив ова со вас, можеби не, не знам. Да, решив сама да станам мајка, бидејќи го сакав тоа цел живот. А животот е краток. Самата бременост беше чудо и искуство кое никогаш нема да го заборавам. Знам дека повторно ќе го доживеам. Тагата е огромна, а јас се уште сум во шок. Знам дека милиони жени ширум светот  ја почувствувале и оваа и  поголема болка. Ова е најосаменото чувство на светот“, напиша Џеси, која во октомври се разведе од партнерот Макс Фам.

Фото: Јутјуб