Царина: Има список на патници, но нема доказ дека автобусот преминал граница – ќе се казнат двајца цариници – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/21 11:15 PM

Царина: Има список на патници, но нема доказ дека автобусот преминал граница – ќе се казнат двајца цариници

Автобусот на компанијата „Беса Транс“ редовно преминувал четири македонски гранични премини, а на цариниците им биле приложувани сите неопходни документи, вклучувајќи го спорниот извод од лиценца, за кој Министерството за транспорт и врски утврди дека не го поседувал.

-Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува, соопшти Царинската управа.

За последното преминување, во Царина има евиденција на списокот на патници, но никаков доказ дека автобусот поминал.

-Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници елелектронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници, стои во соопштението на Царинската управа.

Засега одговорноста е лоцирана кај тројца вработени во Царина – кај двајцата царински службеници, кои биле на смена во времето кога поминал автобусот и кај нивниот раководител.

-За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање, соопшти Царинската управа.