„Никој не е роден директор, па не сум ни јас, но не секој е подготвен да влезе во кал“ – Реакција на Нора Шакири- Марковиќ по смената од директор на Театар комедија – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/21 8:12 PM

„Никој не е роден директор, па не сум ни јас, но не секој е подготвен да влезе во кал“ – Реакција на Нора Шакири- Марковиќ по смената од директор на Театар комедија

По експресната смена на Нора Шакири – Марковиќ од вд директор на Театар комедија, таа попладнево со објава на својот Фејсбук профил даде свое објаснување. Веднаш по неа со видео порака се обратија и вработените од театарот, со поддршка со Шакири.
-Имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена. Никој не е роден директор, не сум ни јас, но не е секој спремен да влезе во кал, а од тоа да нема лична корист.. Јас бев подготвена и тетатар комедија се издигна над ситецрни облаци кои гонадвјасаа. Ќе бидам кратка и јасна. Како директор поведов дисциплинска постапка за вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор замина на патување и истото го поткрепи со фотографии и за истото се изјасни пред комисијата која го донесе решението за дисциплинска казна дека е виновен и казната ја прифати.
По анонимна пријава за мобинг пратена до Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси министерот Љупчо Николовски во театарот дојде вонреден инспекциски надзор, односно Државниот инспекторат за труд кој донесе записник во кој се наведува дека инспекторатот на труд не може да донесе инспекциска мерка врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган, напиша Нора и додаде:

– Во однос на ова сакам да ве известам дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато, па по тој основ решението за мое разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен. Она што е моја гордост е тоа дека работев согласно закон, дека ја имам безрезервната поддршка од сите мои колеги, се изборив театарот да се врати во полн сјај без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот. Намерата е јасна, делата зборуваат за сите нас. Горда ум на се до сега направено.Горда сум на тоа дека конечно во театарот се врати комуникацијата, разбирањето и почитта меѓу вработените. Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за раководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение.. Благодарам на сите мои колеги за поддршката и вербата во мене, за заедништвото да го вратиме театар комедија во шполн сјај. Во театар комедија се ширеше љубов, а не омраза, напиша Шакири- Марковиќ.
Веднаш потоа со видео порака се обратија и вработените од Театар комедија, кои не се согласуваат со разрешување на Нора и поставување на Магдалена Ризова.
-Можеби е крајно време инспекторатот за труд да го посети театарот. Дали некој со интенција се обидува да го сруши театарот вло која беше пред да дојде Нора Шакири. Ако минисгтерствот смета дека Нора не е соодветен кадар, ние бараме до распишување на регуларен конкурс за директор за позицијата да се постави Дарко Спасов, рекоа мегу другото во видео пораката вработените во Театар комедија.
Погледнете го целото барање на вработните: