Вчера во СВР Битола било пријавено дека во бунар во с.Кукуречани било пронајдено телото на Б.М.(55) од с.Кукуречани, информираат од МВР.
Телото било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид извршила екипа на СВР Битола.