Габриел Феитоса негува многу кучиња во својот салон за убавина и неодамна доби тешка задача. Голдендудл, раса создадена со вкрстување на пудлица и златен ретривер, на барање на својот сопственик успеа да ја трансформира во жирафа.
Оваа трансформација на куче по име Купер ги воодушеви корисниците на TikTok.
@gabrielfeitosagroomerCoopers dad ask me to make him a 🦒 #giraffe , don’t have to ask me twice 😆 #creativedoggrooming #doggroomerlife ♬ Day-O The Banana Boat Song (From “Beetlejuice”) – Geek Music
Феитоса се појави во емисијата Pooch Perfect и откри дека креативната инспирација ја црпи од емотиконите и видео игрите. Сопствениците обично му кажуваат што сакаат, а тој го презема бизнисот.
“Пораснав на улица, а кучињата ми помогнаа да не западнам во неволја. Дефинитивно ми го спасија животот”, рекол тој.
Преземено од: https://www.index.hr/
Фотографија: TikTok