Во насловот Царовска „признава“ дека СДСМ нема мнозинство, но во текстот признавањето никаде го нема – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/21 1:46 PM

Во насловот Царовска „признава“ дека СДСМ нема мнозинство, но во текстот признавањето никаде го нема

Рецензираме текст со наслов „Царовска призна дека СДСМ нema мнозинство: Значајно е да се обезбеди мнозинство за да се задржи кypcот на државата.“

Во насловот новинарот сензационалистички информира дека Министерката Царовска признава дека СДСМ нема мнозинство иако подолу во текстот, во кој се пренесува нејзина изјава воопшто нема ниту збор или пакреченица со која што би се поткрепило тоа „признавање.“

Новинарот со насловот се обидел да го привлече вниманието на читателите, манипулирајќи со изјави кои што не соодветствуваат со изјавата на Царовска, поместена во самиот текст.

Прашана за коментар за оставката н алидерот на СДСМ и премиер ЗоранЗаев, Царовска одговори дека некои одлуки во дадени моменти покажуваат ширина, а таква е и одлуката на Заев.

-И тоа е таа одлука. Тој го кажа својот став и тоа е негов став и треба да се почитува. Навистина е многу значајно што е тоа што понатаму ќе се случува, во Собранието да се обезбеди соодветно мнозинство за да се задржи западноевропскиот курс на државата, да се задржат демократските процеси и, секако, развојот кој интензивно ни сеслучува во последните пет години, и економскиот, и општествениот развој, истакна Царовска“- пишува порталот.

Текстот го зел делот од одговорите на Царовска за мнозинство во Собранието, но таму, во ниту еден дел таа не споменува дека СДСМ нема мнозинство.

Насловот е манипулативен и не е поткрепен со текстот согласно професионалните новинарски стандарди, со што очигледна е намерата на новинарот да привлече внимание и да манипулира. Ова посебно во еден сензитивен момент кога на македонската политичка сцена се калкулира со бројките и пресметки која опција има или нема парламентарно мнозинство во Собранието.

Всушност контрадикторен еи самиот наслов, затоа што по информацијата дека Царовска признава дека СДСМ нема мнозинство, новинарот додава дека „значајно е да се обезбеди мнозинство за да се задржи кypcот на државата“ со што очигледно е дека Царовска не го признала тоа, што се посочува во првиот дел од насловот.

СпоредКодексот на новинарите во онлај сферата, член 1 , Онлајн медиумите нема да објавуваат неточни, пристрасни или манипулативно обликувани текстови, фотографии или други содржини со кои читателите намерно се доведувaат во заблуда.

Преку „потврда“ од релевантен извор – Министерката за образование и наука Мила Царовска, новинарот со овој текст пред се со насловот ја доведува во заблуда јавноста, посебно имајќи во предвид дека читателите, често се задржуваат само на насловот, без да го прочитат текстот.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.