Тропската лимонада, не е обична лимонада. Таа е богата со вкусови и претставува вистинско летно освежување, кое ќе ги разбранува вашите сетила.
СОСТОЈКИ:
– 3 дл свежо исцеден лимонов сок
– ½ манго
– ½ ананас
– една лажичка измелен ѓумбир
– 10 –на малини
– 10 –на листтови нане
– вода
ПОДГОТОВКА:
Исцедете го лимонот во еден сад. Мангото и ананасот исецкајте го на коцки. Во блендер ставете коцки од овошјето и полијте со лимоновиот сок но само половина од него. Додајте го ѓумбирот и нането и мешајте додека да добиете густа смеса. А потоа додадете ја останатата половина од лимоновиот сок и вода.
Лимонадата добро изладете ја, во чаша додајте неколку малини и уживајте во вкусот на овој топски напиток.