Тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако телефонски разговарал и се договорил со неговиот бугарски колега, Бојко Рашков.
Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија и рече дека очекува брза и сеопфатна реакција на надлежните служби.