Кривичен го одби предлогот за притвор на Јанакиески за настаните од 27-ми април – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/21 7:50 PM

Кривичен го одби предлогот за притвор на Јанакиески за настаните од 27-ми април

Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески поврзан со настаните од 27 – ми април.

Според Советот, во новиот предлог не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки.

– Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот, а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот, стои во соопштението од Кривичен.

Апелационскиот суд, во четвртокот ја укина мерката куќен притвор на обвинетиот во повеќе судски предмети, Јанакиески, и ја замени со мерка претпазливост, по што, како што информираат од Основен Кривичен суд – Скопје, денеска, Обвинителството поднело предлогот за определување мерка притвор за предметот со поврзан со настаните од 27 – ми април.

Јанакиески е обвинет во повеќе предмети, помеѓу кои „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“ и „Шпански скали“. 

МИА