Изложени сме на ризик од нов силен бран, верувам дека синдикатите ќе сфатат колку е битно да се усвои оваа мерка, рече Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/21 5:58 PM

Изложени сме на ризик од нов силен бран, верувам дека синдикатите ќе сфатат колку е битно да се усвои оваа мерка, рече Филипче

Попладнево министерот за здравство Венко Филипче одржа прес конференција на која на новинарско прашање дали ако не се постигне некаква согласност со синдикатите денеска, дали мерката ке се донесе или може да се одложи, Филипче рече дека верува дека претставниците на синдикатите ќе сфатат колку е битно оваа мерка се усвои и се донесе.

-Посебно денеска после денешните резултати од секвенционирањето на вирусот, 48 пациенти се испитаа, од дијагностицирани од изминативе две недели и кај ниту еден не е дијагностициран Делта плус сојот кој што прави огромен број на проблеми и голем број на случаи и хоспитализации во сите околни земји. Што значи дека не можеме да го запреме тој сој на вирус да влезе во земјава, и сме изложени на ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и сериозно да ги загрози капацитетите во болниците. Гледаме од примери од околните земји дека се хоспитализираат невакцинирани пациенти, што значи дека е добар период да сфатат граѓаните колку е ова битно, да се вакцинираат што поголем број на граѓани.

Дали за здравствените работници ќе важи мерката за негативен ПЦР тест, бидејќи за нив важи задолжителната вакцинација, Филипче одговори дека нема да важи, тие треба да се пример како се штити сопственото здравје.