Во нива во тетовското село Шемшово пронајдени се две рачни бомби и три куршуми калибар 12,5 милиметри, информираат од МВР, експлозивните направи подигнати се од страна на претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Вчера во 12.30 часот во СВР Тетово, С.Ј.(58) од тетовско Шемшово пријавил дека во неговата нива во месноста „Леска”, во атарот на ова село, пронашол две рачни бомби и три куршуми калибар 12,5 милиметри. Извршен е увид, а пронајдените експлозивни средства се безбедно подигнати од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување“, стои во дневниот билтен на МВР.