Од 1.500 до 3.600 евра казна за невакцинирани во Австрија – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/21 3:32 PM

Од 1.500 до 3.600 евра казна за невакцинирани во Австрија

Откако австриската влада го прогласи четвртиот национален карантин, на прес-конференцијата беше најавено дека по воведувањето на задолжителната вакцинација ќе бидат објавени и казните за непочитување на новата обврска.

Предлог-законот, на кој работи австриското министерство за здравство, предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинација да бидат казнети со 3.600 евра за одбивање на првата доза и со 1.500 евра за одбивање на третата доза, пишува Блумберг.
„Мора да се направи понуда и граѓаните да се наведат на вакцинација. Кој ќе ја одбие таа понуда, ќе мора да плати парична казна“, изјави министерката надлежна за уставни прашања, Каролин Едштадлер.  Таа потврди дека казните ќе бидат од 1.500 до 3.600 евра зависно од дозата.

„Апсолутно не сме задоволни од стапката на вакцинација“, изјави таа.

извор: Rs.N1info.com