Се прашувам како можеше моето семејство да ми го направи сето тоа: Бритни Спирс се огласи за страшното старателство – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/21 1:45 PM

Се прашувам како можеше моето семејство да ми го направи сето тоа: Бритни Спирс се огласи за страшното старателство

Пејачката, Бритни Спирс објави видео на социјалните мрежи зборувајќи за тоа што се’ може да прави сега кога старателството е завршено и дека е срамно што воопшто зборува за се’ јавно. Таа најави и интервју кај Опра Винфри, во кое на целиот свет ќе му открие какви ужасни работи трпела во текот на старателството.

„Многу ми е незгодно да признаам дека никогаш не сум видела готовина, ниту пак, сум возела свој автомобил. Секој ден се будам и се прашувам како моето семејство можеше сето тоа да ми го направи“, напиша Бритни под искреното видео објавено на Инстаграм.

„Бев под старателство 13 години, а тоа е многу долг период кога си во ситуација во која сигурно не сакаш да бидеш. Благодарна сум за секој ден и ме радуваат мали работи, како поседување клучеви за автомобил или купување свеќи. Тие мали работи за нас, жените прават огромна разлика“, искрена е Бритни.

Таа додава дека целото свое детство живеела покрај жртви и токму поради тоа си заминала од дома и почнала да работи на 20 години.

„Јас сум тука да бидат застапник на луѓето кои имаат вистински инвалидитет и вистински болести, не можам ни да замислам што им направил законот на тие луѓе. Се надевам дека мојата приказна ќе влијае и ќе направи некои промени во корумпираниот закон“, заклучува пејачката.

Таа им се заблагодари на обожавателите кои ја поддржување за време на #freebritney движењето.

 

Извор:   nova.rs