Не верувајте во сѐ што ќе слушнете: Гинеколог ги откри најчестите митови за доењето – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/21 10:04 AM

Не верувајте во сѐ што ќе слушнете: Гинеколог ги откри најчестите митови за доењето

Од тоа дали треба да се јаде само блага и незачинета храна, до изгледот на градите…Има многу митови кои во општеството се пренесуваат од еден на друг, но вистината е нешто поразлична.

Д-р Гандали Деорухкар, гинеколог од британската болница Wockhardt на порталот Pinkvilla сподели кои се најпопуларните митови за доењето.

Доењето е сигурна контрацепција

Три месеци по породувањето жената повторно има овулација, па дури во тој период и да доите, можете да забрамените. Ако тоа не го сакате, посоветувајте се со вашиот лекар за најдобриот начин за контрапцеција.

Не треба да доите ако имате блокирани млечни канали

Честото доење или измолзување е најдобриот начин за да се изборите со блокираните млечни канали и да спречите инфекција. Пред да го доите бебето, на дојките ставете топли облози, а ако сепак дојде до инфекција, обратете се кај својот гинеколог.

Мајката во текот на доењето смее да јаде само блага храна

Додека храната што ја јадете да се свари и да се искористи за создавање млеко, потенцијално лошите елементи од неа веќе се разградени и тие не би требало воопшто да влијаат на бебето. Затоа не менувајте ги своите прехрамбени навики, но редовно пијте вода и внимавајте телото да не дехидрира.

Темното пиво го поттикнува создавањето на млекото

Нема докази кои го потврдуваат ова, дури алкохолот може да го намали нивото на пролактин, хормонот кој му помага на телото да произведе доволно млеко. Според Светската здравствена организација, конзумирањето алкохол не се порепорачува за жените кои дојат – пренесува Pinkvilla.

 

Извор: vecernji.hr