Медицинскиот кадар масовно заминува од Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/18 9:41 AM

Медицинскиот кадар масовно заминува од Албанија

Медицинскиот кадар масовно ја напушта Албанија и заминува на работа во Германија, вака стои во официјалните податоци изнесени од здружението на медицински сестри.

Од здружението велат дека во првите шест месеци од годинава земјава ја напуштија 2.500 медицински сестри, а до крајот на годината таа бројка ќе достигне и 5.300. Ова е бројка која е заснована на фактот на бројот на лица кои поседуваат интензивен курс по германски јазик, помеѓу кои и 500 медицински сестри од Универзитетската клиника „Мајка Тера“ во Тирана.

Стручноста на медицинскиот кадар кој заминува од Албанија се лица со повеќегодишно работно искуство, но и штотуку дипломирани.

Но не се само медицинскиот кадар, во последните години масовно заминуваат и лекари од општа пракса но и специјалисти. Претпоставките се дека во последните четири години заминале најмалку 800 лекари.

Како причини за нивно заминување се наведува плата, но и условите за работа како и можноста за унапредување во кариерата.