Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.633 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи со Ковид-19, 18 лица починале, а оздравеле 317 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи во Скопје се 179, следат Битола со 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица – по 14, Кочани и Гевгелија – по 11, Струга – 7, Тетово и Велес – по 6, Неготино и Демир Хисар – по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево – по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 2, Демир Капија – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица од кои седум од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по две починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 126,Прилеп – 42, Струмица – 26, Битола – 23, Куманово и Кочани – по 21, Неготино – 8, Пробиштип – 7, Кавадарци и Дебар – по 6, Охрид, Демир Хисар, Делчево, Виница и Пехчево – по 3, Валандово и Богданци – по 2, Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 1.
Во однос на 35 – годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 – годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, и било на антикоагулантна терапија.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, не се пријавени дополнителни починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирањана Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а на активни случаи изнесува 8.535.
Објавено на: 11/21/21 6:10 PM