Обид за убиство на јавен обвинител од ОЈО Гостивар, бил нападнат со нож – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/21 4:22 PM

Обид за убиство на јавен обвинител од ОЈО Гостивар, бил нападнат со нож

Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники, информираат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.

Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.