Во пожар што избувна рано утрово на улицата „Илинденска“ во Гостивар, Целосно изгореа четири бараки, рано утрово во пожар на улицата „Илинденска“ во Гостивар. Нема настрадани, пренесува МИА.
Заради староста на објектите и запалливиот материјал, интервенцијата на пожарникарите не била ефикасна, иако огнот бил брзо локализиран.
Според првичните информации на жителите и очевидци, огнот се појавил утрово околу 5 часот и брзо се раширил. Од огнот настрадаа домовите на осум семејства од кои најголемиот дел се социјални случаи. Непознати се причините за настанување на пожарот, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што рекоа, во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот.
миа