Селекторот на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот куп во 2023 година и се определи за 15 кошаркари за натпреварите против Шпанија и Украина.
Првиот собир на националниот тим е предвиден за вечерва во Скопје, а од понеделник во 10 часот, стартуваат мини подготовките пред почетокот на светските квалификации
Повикани кошаркари за ноемвриски квалификациски циклус се: Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Адем Мекиќ, Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Виктор Ефремовски, Андреј Маслинко, Кирил Николовски, Лејсон Зекири, Андреј Магдевски, Теодор Симиќ и Џејкоб Вајли.
Во првиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Светскиот куп 2023, на 26 ноември, во Скопје, „црвено – жолтите“ го пречекуваат актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија, а на 29 ноември следува и гостувањето против Украина во Киев.