Наскоро ќе почне полагањето за сертификати на возачи преку електронскиот систем, вети Бочварски – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/21 1:31 PM

Наскоро ќе почне полагањето за сертификати на возачи преку електронскиот систем, вети Бочварски

Полагањето за сертификати на возачи преку електронскиот систем ќе почне многу наскоро, можно е и во текот на наредните денови. Се подготвуваат сите последни детали во фирмата која е одбрана да го спроведува преку електронски систем, во делот на просторните услови и можностите кои треба да бидат предвидени согласно законот, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Поради доцнењето со формирањето на Државниот испитен центар за сертификација околу 800 транспортери не можат да возат надвор од земјава.

Како што посочи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата,  Во текот на наредните денови ќе бидат повикувани сите транспортни компании со нивните вработени возачи да пристапат кон можноста да полагаат.

„Верувам дека за неколку недели овој проблем ќе биде намален и надминат. Набавката која беше планирана во Генералниот секретаријата на Владата е завршена и е избрана фирма која ќе ги врши испитите не само во делот на транспортот, туку и во делот на другите ресори во кои има таков тип на електронско полагање и во Министерството за правда, но и во останатите министерства. Во Транспорт и врски прашањето беше во делот на полагањето за сертификати на возачите и можам да кажам дека тоа е надминато, рече Бочварски.