Ленче Здравкин и Омер Калаши годинешни добитници на наградата Мајка Тереза – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/18 9:03 AM

Ленче Здравкин и Омер Калаши годинешни добитници на наградата Мајка Тереза

Ленче Здравкин, активистка и хуманитарка од Велес и Омер Калеши, ликовен уметник со светска кариера и со потекло од Кичевско, се годинашни добитници на државната награда „Мајка Тереза“.

Наградата се доделува за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградата, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе биде доделена во недела на 26 август, денот на раѓањето на хуманитарката и добитничка на Нобеловата награда за мир, Мајка Тереза.

Велешанката Ленче Здравкин која уште со првиот бран на мигранти несебично   го отвори својот дом и им пружи помош на бегалците, за нив но и за македонската јавност стана вистински  синоним за хуманост. Она што многумина сакаа, таа го направи. Им подаде рака-кога им беше најтешко. Гладни и  преморени, се сеќава таа, секојдневно илјадници мигранти поминувале пред нејзиниот дом кој се наоѓа во близина на железничката станица во  Велес.