По кратко боледување на 69-годишна возраст почина познатата пејачка Мерима Његомир.
Познато е дека Мерима водела битка со ракот, а годинава се борела и со корона вирусот, а потоа раскажала како издржала се.
– Позагрозени се луѓето на одредена возраст, а јас припаѓав на таа група, а потоа и високиот крвен притисок. Се чував речиси една година, децата ми носеа намирници, а јас се иселив надвор од градот – бев на Космај и малку на Сава. Бев здрава цела година, без никакви проблеми – изјавила пејачката.
Во таа прилика пејачката објаснила како дошло до проблемот.
– Многумина ме прашуваа: „Знаеш ли како се зарази“, реков дека знам. Неколку дена пред тоа бев на тест и беше негативен, а потоа дојде соседката на кафе и бев навистина опуштена, па мислам дека тогаш ја добив короната. Третото утро по нашата средба, се разбудив со огромна главоболка, познато чувство како да имам температура. Имав 37,8 и веднаш помислив дека имам корона – рекла таа и додала дека не и било сеедно кога се разбудила со голема главоболка и температура, а потоа веднаш се облекла и отишла на лекар.
– Се јавив на мојот добар пријател и реков дека имам температура. Отидов да се тестирам и следниот ден, 24 февруари, добив резултат дека сум позитивна. Иако неколку пати бев тестирана поради мојата ќерка која беше бремена, здрава одев кај неа. Отидов во болница и бев многу исплашена поради мојот висок крвен притисок. Мислам дека вирусот оди на секој орган со кој нешто не е во ред, така го разбрав – изјави Мерима Његомир и додаде: „Бев примена во болница и сите ми кажаа дека стигнав на време.
Извор: Еспресо.ко.рс