Американската полиција уапси неколку лица откако вреќи со пари испаднаа од оклопен камион на автопат во областа Сан Диего во Калифорнија, предизвикувајќи хаос додека возачите застануваа да земат банкноти.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како банкноти летаат по патот додека луѓето се обидуваат да ги подигнат.
Полицијата соопшти дека возачите излегле од возилото и го блокирале сообраќајот, а неколку лица се уапсени. Полицијата ги замолила сите кои ги добиле банкнотите да ги вратат.
Tons of cash is spread out across the I-5 freeway in Carlsbad near Canon Road. @DemiBagby shared this video with us of traffic completely stopped and cash all over the place. pic.twitter.com/Tw5zi1P1qX
— KUSI News (@KUSINews) November 19, 2021
„Поради некоја причина, торбите испаднаа од камионот, а парите беа расфрлани на патот“, изјави службеникот на сообраќајната полиција Џим Бетенкур, предупредувајќи дека секој што ќе ги земе парите ќе се соочи со кривична пријава.
Извор: Вијести.ба